Вчера во времето од 11.00 до 13.30 часот од страна на полициски службеници од-Струга и Подрачно Одделение-Велешта извршен бил преглед и претрес на терен од ресторан „Софра“ према с.Ташмаруништа, при што во водите на реката Црн Дрим во непосредна близина на мостот, на длабочина од околу 3 метри бил изваден пиштол, непозната марка и калибар, сребрена боја.
Од страна на крим.техника истиот е фотографиран.