Кривична пријава за охриѓанец кој бесправно градел

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(56) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Пријавениот во текот на ноември 2015 година, како инвеститор, без одобрение за градење на своја парцела на ул. „Железничка“ во Охрид изградил доградба и надградба на постоечките приземен објект.