ПС Струга поднесе кривични пријави за учесниците во убиството кај Долна Белица

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Б.Б.(45) и Е.Б.(30) двајцата од с. Велешта и против три непознати лица поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материјали“.

Пријавените се осомничени дека на 13-ти декември годинава, со огнено оружје го убиле Ф.И.(23) од с. Долна Белица, а го раниле неговиот брат П.И.(18) од с. Долна Белица.