Вчера издадени 2.426 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 15.12.2015 издадени се потврди на вкупно 2.426 странски државјани, од кои 1.046 се од машки пол, 476 се од женски, 873 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 31 дете кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-995, Авганистан–815 и Ирак-616

Во периодот од 19.06.2015 до 15.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 341.920 странски државјани, од кои, 190.131 се од машки пол, 55.968 се од женски, 77.904 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.917 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-195.616 потоа Авганистан-83.498, Ирак-41.365, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 15.12.2015 до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 15.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15.12.2015 година евидентирани се вкупно 26 баратели на азил од кои осум мажи, три жени, 14 деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил (две малолетни лица без придружба на старател и два мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
14.12/ 21.00 ч. – 15.12 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на 168 лицa
Вода 362 шишиња
Пакети со храна 4
Пакети со хигиена 36
Млеко за бебе 3
Бебе сет 12
Ќебиња 126
Чоколадно млеко 42
Пелени за бебe 95

Гевгелија
Укажана прва помош на 308 лица
Вода 1092 шишиња
Пакети со хигиена24
Бебе сет 15
Ќебиња 84
Пакети прва помош 10
Пелени за бебе 142
Шише за бебе 48
Чоколадно млеко 24
Вреќи за спиење 5.