На 15-ти декември професорите по спорт и учениците од Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ се приклучија во активностите за одбележување на 20-годишниот јубилеј на Сојузот за училишен спорт во Охрид кои под мотото „Спорт, млади и доверба“ се реализира во соработка со Секторот за образование и спорт при Локалната самоуправа Охрид.
Во тие рамки беа реализирани активности за презентирање и имплементирање на нови форми и методи на физичка актвност со музија (пилатес, аеробик и фитнес) во редовната настава и воннаставните активности.
Учениците кои учествуваа добија спортски маичики, а секое учлилште доби по две топки за спортски игри.