При контрола во струшки интернет клуб пронајдена марихуана

Вчера во 18.20 часот во Струга, во интернет клуб, лоциран на ул. „Наум Лика“, при извршен преглед од страна на полициски службеници од Струга кај Е.Р.(27) од Струга во џебот од панталоните пронајдена е непозната зелена тревкаста материја со тежина од околу 1 грам, и Ч.А.(20) од Поградец- Р.Албанија, во џебот од палтото пронајдена е една најлонска паковка со непозната зелена тревкаста материја со тежина од околу 2 грама.

Предметите се одземени, а лицата приведени за понатамошна постапка.