СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Б.(35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.
На 25/26-ти февруари годинава, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот каде се пронајдени 3,21 грама наркотична дрога марихуана и отпушоци од цигари-мешавина на тутун и марихуана.
При претресот затекнати се уште седум лица сите од Охрид на кои пријавениот им овозможил уживање на наркотична дрога марихуана во неговиот дом.