Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 11.00 часот во с.Ливада, струшко од непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Т.Д., при што истата целосно изгорела.
Во пожарот нема повредени лица, а извршен е увид на лице место.