Утре ќе се одржи јавна расправа за Законот за угостителска дејност

Поради потребата од допрецизирање и евентуални измени и дополнувања на одредени членови од Законот за угостителска дејност, Секторот за туризам и локален економски развој, утре (среда) во 13 часот во малата сала на општина Охрид организира јавна расправа. На јавната расправа се поканети пратеници во Собранието на Република Македонија, советници од Советот на општина Охрид, претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Факултетот за туризам и угостителство, ХОТАМ, туристички агенции и вршители на угостителска дејност.

Имајќи ги во предвид постоечките одредби од Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14, 129/15 и 192/15), поконкретно членот 46 од истиот Закон, како институција која го спроведува се соочуваме со низа нејаснотии при примената на истиот.

Различните толкувања на одредени членови од Законот доведуваат до нерамноправна положба на различни даватели на услуги во туризмот, што нас како институција која ги спроведува одредбите од Законот не поставува во директна конфронтација со барателите за вршење на угостителна дејност од мал обем.