Во текот на изминатото деноноќие издадени потврди на 1.492 странски државјани

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 21.12.2015 издадени се потврди на вкупно 1.492 странски државјани, од кои 656 се од машки пол, 324 се од женски, 508 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште четири деца кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-739, Ирак-404 и Авганистан–349.

Во периодот од 19.06.2015 до 21.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 357.713 странски државјани, од кои, 196.461 се од машки пол, 59.447 се од женски, 83.787 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.018 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-202.245 потоа Авганистан-87.748, Ирак-46.279, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 21.12.2015 до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 21.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.