Формирано здружение на Пензионери во општина Дебрца

Денес во просториите на општина Дебрца се одржа оснивачко собрание на Пензионерите од општината, на кое се донесе одлука за формирање на здружение на Пензионери на општина Дебрца со седиште во с.Мешеишта.

За Претседател на здружението се избра Сисоја Иваноски од с.Горенци. Собранието го донесе Статутот на здружението како и програмата за работа на здружението на Пензионери на општина Дебрца. Собранието избра извршен одбор од 5 члена и надзорен одбор од 3 члена со мандат од 4 години.

PenzioneriDebrca01 PenzioneriDebrca02 PenzioneriDebrca03