Кривична пријава за две лица-бесправно исечени 187 метри кубни државна шума

СВР Куманово во рамки на оперативната акција „Гора“ поднесе кривична пријава против И.А.(53) од с.Опае – општина Липково, поранешен вработен во Агенцијата за катастар во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ и против М.А.(52) од с. Рамно, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „пустошење шума“.

Во текот на ноември 2015 година И.А. во договор со М.А., без никаков правен основ, оформил три предмети за наводна исправка на техничка грешка по службена должност за седум катастарски парцели од катастарска општина Рамно кои биле во сопственост на РМ, со вкупна површина од 84.787 м2.

Притоа, во истите внел невистинити податоци за соственоста на парцелите кои откако ги заверил со свој потпис, ги спровел во електронскиот систем во катастарот, префрлајќи ги во сопственост на второпријавениот. По ова второпријавениот преку лиценцираното правно лице ДПТУ СИМВИ КОМПАНИ ДООЕЛ Кратово поднел барање за сеча на дрвна маса, врз основа на што извршил сеча на вкупнпо 187 м3 огревно дрво, оштетувајќи го ЈП Македонски шуми за износ од 1.309.000 денари.