По повод 49 годишнината од постоењето на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и во чест на патронот „Св Наум Охридски“, вчера и денес се одржаа низа активности.
Од вчера започнаа отворените денови на училиштето.
Основците од Охрид имаа шанса да го посетат ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ и кабинетите од стручните активи во кои беа презентирани постигнувања на учениците и нивните ментори.
Во рамки на отворените денови се одржа и работилница – кариерно советување која ја осмислиси и водеше психологот на училиштето и кариерен советник Ангелина Филкоска Соколови. Учениците, родителите и професорите имаа можност да се дружат и на спортските активности, а подоцна и заедно да се релаксираат во придружба на училишниот оркестар „Македонски бисери“.
А.Андриоски