Само околу еден месец откако коритото на реката „Грашница“ беше темелно искосено и исчистено од страна на одделението за „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“, се јавува повторна слика од околните куќи и жителите кои гравитираат во околината каде што се ангажирани 2 комунални работници и се собира комуналниот отпад.
Се апелира до околното население да не го депонираат отпадот во речното корито, затоа што со надоаѓање на водата во реката истото ќе се најде во Охридското езеро и ќе се предизвика поголем проблем.