Одбележан патрониот празник на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ синоќа одбележа 49 години од своето постоење. Патрониот празник се одбележа во просториите на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ со културно-уметничка програма изведена од учениците од училиштето.

Присутните ги поздрави директорот на училиштето Јане Цаноски, а беа доделени признанија и награди за најуспешните во колективот, како и на учениците кои што учестуваа на различни натпревари од повеќе области.

А.Андриоски