Ново намалување на цените на горивата

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,94% или за 22,125 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 13,71% или 48,350 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 13,82% или за околу 23,038 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 8,40 %.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 5,59 %.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со со Одлуката од 14.12.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 малопродажната цена изнесува 63,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.12.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 43,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.12.2015 година и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 32,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,774 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 14.12.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 15,969 ден/кг.