Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган” полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.К. ( 33) од Скопје, Е.Б. (30) од струшкото село Велешта и И.А. (27) од струшкото село Корошишта.
Пријавените И.К. и Е.Б. во текот на септември оваа година во два објекти во селото Велешта, организирале и приредувале игри на среќа во форма на спортска кладилница без издадена лиценца, односно дозвола од надлежниот орган. Во истиот период, пријавениот И.А. тоа го направил во објект во селото Корошишта сопственост на неговиот татко.
На 30-ти септември годинава, полициски службеници од криминалистичката полиција од Струга заедно со даночен инспектор од УЈП, извршиле контрола во сите објекти. Притоа тие утврдиле дека пријавените немаат дозвола од надлежен орган за таква активност односно дека приредувале игри на среќа без лиценца.