Пред споменикот на Илинденците во Велгошти, денес со почеток во 20:30 часот ќе се одржи свечена прослава. Свежо цвеќе ќе положат претставници од Локалната самоуправа, од Месната заедница од Велгошти, од Месниот комитет на Велгошти, Сојузот на борци од Охрид и други значајни структури.
„Илинден бил и ќе остане во душата на сите жители на Велгошти. Велгошти поради посветеноста на Организацијата во 1903 г. било до темел изгорено. Да не ги заборавиме Илинденците кои своите животи ги положиле во името на Македонија. Нека им е вечна славата и да ни е вековито името.“ – велат велгоштани.
По тој повод ги покануваат сите заинтересирани да присуствуваат на оваа манифестација.
WebOhrid