Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Охрид во периодот од јуни до декември годинава реализира бројни активности кои се дел од програмата. На денешната седница, пред членовите председателот на Советот Стефан Димоски, ги нотира сите активности преку кои се придонесе за превентивно делување во областа на безбедноста во сообраќајот.
„По повод Републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“, во јуни организиравме две велосипедски дефилеа низ улиците на градот. Учесници беа преставници од локалната самоуправа предводени од заменик градоначалникот Ангел Јанев, членови на велосипедски клубови од Охрид, велосипедската полициска патрола при СВР Охрид, претставници на Црвениот крст од Охрид, велосипедисти од школските центри, најмладите од градинките како и граѓани-вљубеници во велосипедизмот. Кампањата се реализира во рамките на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата-почитувај го животот“.
ОСБСП-Охрид со оделението за превенција при СВР Охрид, одржаа средба со претставниците на охридските мото и велосипедски клубови како ранлива категорија учесници во сообраќајот. На состанокот произлезе идејата за оформување на заеднички патроли од полициски службеници, моторциклисти и велосипедисти а посебно беше потенцирана потребата од превентивни кампањи за подигнување на сообраќајната едукација не само на оваа категорија туку и на сите учесници во сообраќајот. Заедничките патроли беа реализирани во текот на јуни 2015 година.
Во организација на ОСБСП и детската градинка „Јасна Ристеска“, на 29.07.2015 година, за педесеттина деца од градинката беше организиран едукативен час со панорамско разгледување на градот со панорамски автобус. Покрај рекреативна, целта на оваа активност беше и едукативна.
-ОСБСП во јули го организира јавниот настан на кој Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на општина Охрид и донира 16 одбројувачи за семафори. Донацијата на градоначалникот Никола Бакрачески да му ја предаде Стојче Стаменковски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во рамките на овој настан, дополнително на граѓаните на Охрид и на туристите им беше поделен сообраќајно едукативен материјал за почитување на сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.
ОСБСП-Охрид, во септември..2015 година ја реализира Републичката кампања „Вози трезвен-стигни жив“. На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште беше поставен сообраќаен пункт составен од полициски службеник и волонтери на Црвениот крст каде се вршеше доброволно алкотестирање како и делење на пригоден едукативен материјал на сите учесници во сообраќајот но и на гостите во кафе баровите низ охридската чаршија.
ОСБСП активно се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилноста и 22 септември денот што општина Охрид го прогласи за ден без автомобили.
По иницијатива на ОСБСП одржан е работен состанок со здружението на пензионери од Охрид и Дебарца со цел реализација на превентивни и едукативни проекти за подигнување на нивната безбедност во сообраќајот.
Во октомври, на иницијатива на претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски, беше одржана негова работна посета на ОСБСП Охрид. На средбата присуствуваа претставници од РСБСП, истата се одржа во Охрид при што од претседателот беше кажано дека ОСБСП Охрид е меѓу најактивните и најуспешните во земјава.
Во рамките на предвидените активности за одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во ноември реализира сообраќајни едукативни часови со најмладите од ОУ и Гимназијата во Охрид.
По иницијатива на ОСБСП во декември одржана е работна средба со претставниците на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид со цел оддавање должно внимание на глувите и наглуви лица како посебна и ранлива категорија учесници во сообраќајот да ги слушнеме проблемите со кој тие се соочуваат во сообраќајот но и забелешките, мислењата, ставовите и потребите на Здружението на глуви и наглуви лица насочени кон подобрување на нивната улога и безбедно учествово сообраќајот.
Во декември, со проектот „Чекориме за безбеден сообраќај“ го заокруживме работењето на ОСБСП за 2015 година. Имаше околу 300 учесници, од детските градинки, ОУ и средните школи, заменикот градоначалник, претседателката на Советот, советници, претставници од здравствените устаноци од Охрид, СВР Охрид, од ТППЕ, од пензионерите, Здружението на глуви и наглуви, од Сојузот на спортови на град Охрид, Црвен крст, медиуми. Проектот отпочна со дефиле од детската градинка „Јасна Ристеска“ до општината и покрај езеро до домот на културата „Григор Прличев“ каде имаше културно уметничка програма.
Во годишната програма за работа на Советот, меѓу другото предвидени се и проектите: „Велосипедско поврзување на Охрид и Струга“ и „Велосипедска патека на секоја охридска улица“. Нивната реализација ќе следува во 2016. и формирање ученичка сообраќајна единица (избор на 10 ученици од сообраќајната струка при Електро-машинскиот училишен центар „Св.Климент Охридски“ Охрид и преку СВР Охрид нивна обука за регулирање и помош на учесниците во сообраќајот низ градот во периодот јуни-август, изработка на соодветни униформи. Истите, се доставени до РСБСП за вметнување во нивната годишна програма за реализација.
Сите активности на ОСБСП поминаа со исклучително медиумско покривање од локалните и националните медиуми. На сајтот на општина Охрид, отворен е инфо фајл на кој се поставени информации за реализираните активности“- истакна во извештајот Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Охрид.