Кружниот тек на пресекот на „Булевар Туристичка„ и „Стив Наумов„ , екипите на „Паркови и зеленило„ го уредуваат хортикултурно.
Во првата фаза се донесе плодна земја која се обработи, по што следеше фазата на засадување.
Во централниот дел на кружниот тек се засади украсно дрво- сребрена пицеа, кое за оваа намена подолг период беше одгледувано во расадникот на Ј.П.„Охридски Комуналец„. На пет сегменти се формирани цветни леи, а во околниот простор се засадени декоративни зимзелени грмушки. Заради подобар естетски изглед поставен е декоративен камен и декоративен мулч.
Во близина на кружната сообраќајница, уредена е бетонската жардињера каде се донесе плодна земја и се засадија зимзелени садници од видот топчеста туја.