Конкурс за стипендии за постдипломски студии во Унгарија

Програмата за магистерски студии (Master of Science – MSc Fellowship Programme) на Министерството за рурален развој на Унгарија, поддржана од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (FАО), за академската 2016-2017 година нуди можности за доделување на стипендии за кандидати од Република Македонија за постдипломски студии на Kaposvar University и Szent Istvan University (Faculty of Agricultural and Environmental Sciences, Faculty of Horticultural Sciences) во Унгарија, за следните програми:

1. Земјоделски науки (Agricultural Sciences 2)
2. Земјоделска биотехнологија (Agricultural biotechnology)
3. Исхрана на животни и безбедна исхрана (Animal nutrition and feed safety).

Програмите во времетраење од 22 месеци се реализираат на англиски јазик, почнувајќи од зимскиот семестар во 2016 година.

Право на аплицирање за овие стипендии имаат кандидати со завршени додипломски студии, кои не се постари од 30 години.

Патните трошоци паѓаат на товар на кандидатите.

Подетални информации за програмите, општите услови и формулари за аплицирање можат да се обезбедат на следните интернет страни:

http://www.kormany.hu/hu/dok?source=3&type=206#DocumentBrowse
http://www.kormany.hu/en/dok?source=3#!DocumentBrowse

Контакт лице за дополнителни информации:

GRUNER Gabriella
Ministry of Agriculture
Department of EU and FAO Affairs
Unit of FAO Affairs and Development Projects
H-1055 Budapest, Kossuth Lajos ter 11
Tel.+361/795-16-37
e-mail:gabriella.gruner@fm.gov.hu
web:www.kormany.hu

Аплицирањето се врши единствено по електронски пат на REU-Scholarship@fao.org, почнувајќи од 4 јануари 2016 година, а заклучно со 28 февруари 2016 година.

Изборот на кандидатите го реализира давателот на стипендиите.