Известување до корисниците на EXIM системот

Од Царинската управа информираат дека EXIM системот дава можност економските оператори – корисници на системот, да вршат преземање и складирање, на локална машина, друга локација за складирање или медиум определен од економскиот оператор, на xml – фајлови, потпишани со дигитален сертификат, на:

– поднесеното барање за дозвола, со прилозите кон барањето (во форматот во кој се поднесени),

– измените на барањето,

– останатите промени/валидации на барањето од страна на органот,

– одобрено барањето за дозвола и

– дозволи на кои е евидентирана искористеноста од страна на Царинската управа.

Оваа надградба е направена со цел да ви се овозможи примена на одредбите од новиот Закон за архивски материјал (Сл. Весник 95/2012), Уредбата за канцелариско и архивско работење (Сл. Весник 1/2014) и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и канцеларискиот материјал во канцелариското и архивското работење (Сл. Весник 99/2014), а со цел примена на електронско архивирање на документи.

„Согласно вашите проценки и потреби, замолуваме во најкраток рок, но не подоцна од 1 февруари 2016 година, да извршите преземање и складирање на податоците за дозволите кои ви се издадени од надлежните органи, на ваша локална машина/друга локација/медиум, користејќи ги функционалностите од системот. Повикуваме да извршите складирање на сите дозволи кои ви се издадени преку системот, заклучно со 2015 година.

По дадениот рок, поради технички ограничувања, овие податоци нема да бидат достапни преку системот за преземање и понатамошно складирање (архивирање).“– информираат од Царината.

Корисничкото упатство за преземање на xml – фајловите од поднесените и обработени барања преку EXIM, на централна локација/машина/медиум кај економските оператори е објавено на www.exim.gov.mk , а може да се преземе и преку следниот линк.