Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром триумфално ја отворија 2016 година, како гости во Лакташи славеа убедлива победа над Игокеа со 86:70.
За металците ова беше четврта победа во последните пет настапи за тимот од Јане Сандански по доаѓањето на тренерското место на Александар Јончевски по што екипата изби на 5 место на табелата во АБА лигата.
Најзаслужни за успехот на „сино-белите“ беа Ѓорѓе Дреновац со 27 поени, Марко Љубичиќ со 16 и Дамјан Стојановски со 15 поени.
Аеродромци најдобро одиграа во првата четвртина којашто ја решија во своја полза со 31:16, во 27 минута имаа плус 20, за на крајот да го зачуваат двоцифреното водство кое го имаа речиси во текот на целиот меч.
Табела: Будуќност 34 бода, Цедевита 31, Црвена звезда 30, Мега 30, МЗТ Скопје Аеродром 26, Крка 26, Олимпија 25, Тајфун 25, Задар 25, Цибона 24, Металац 24, Игокеа 23, Партизан 23, Сутјеска 22.