Вчера издадeни 2.120 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 03.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.120 странски државјани, од кои 912 се од машки пол, 409 се од женски, 791 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-852, Авганистан–822 и Ирак-446.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 03.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 7.501 странски државјани, од кои, 3.026 се од машки пол, 1.601 се од женски, 2.847 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 27 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.016, Авганистан-2.493 и Ирак-1.992.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 03.01.2016 година, до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 03.01.2016 година, до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.