Денес во просториите на Министерството за одбрана на министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, му беше претставена благодарница за помошта која ја пружи Армијата на Република Македонија на населениото во Шипковица за време на поплавите од минатиот август. Благодарницата за Армијата на Република Македонија ја доделија претставниците на месната заедница на Шипковица кои ја изразија својата најдлабока благодарност за поддршката која ја добија граѓаните на Шипковица.
Министерот за одбрана истакна дека Армијата на Република Македонија секогаш им е во служба на граѓаните на Република Македонија во најтешките моменти.
На почетокот на август 2015та година по обилни порои на дожд во Шипковица се случи природна катастрофа по која Владата на Република Македонија, Армијата на Република Македонија, Општина Тетово, Центарот за управување со кризи и бројни невладини организации и приватни компании се впуштија во интензивни акции за помош на погоденото население во тетовско. За време на акциите Армијата секојдневно работеше на терен и ги расчисти насипите на кал и камења, ги расчисти патиштата, изгради неколку мостови, се впушти во барање на неколкуте исчезнати лица и интензивно им помогаше на погодените луѓе во тетовско.