Во текот на вчерашниот ден издадени 2.258 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 06.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.258 странски државјани, од кои 966 се од машки пол, 462 се од женски, 819 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-853, Авганистан–959 и Ирак-446.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 06.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 14.024 странски државјани, од кои, 5.834 се од машки пол, 2.927 се од женски, 5.215 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 48 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-6.043, Авганистан-4.913 и Ирак-3.068.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 06.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 06.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од страна на мобилните тимови на Црвениот крст, во периодот од 21:00 часот на 05.01.2016 г. до 21:00 часот на 06.01.2016 г. на ГП Табановце и Гевгелија укажана е прва помош и асистенции во голем број случаи, а прибрани се и донации од различни донатори наменети за мигрантите: