Од Царинската управа на Република Македонија информираат за промена на царински давачки во рамки на квота за прв квартал 2016 година.
„Поради целосно искористување на количините на квоти предвидени за првото тромесечие од 2016 година за Европска унија има промена на царинските давачки во рамки на квота за стоките кои се распоредуваат во тарифните броеви 0203 и 040690. Именопочнувајќи од 05.01.2015 година царинските давачки (царинска стапка и специфични давачки) во рамки на квота за сите погоренведени тарифни броеви изнесуваат 70% од МФН.“- информираат од Царината.
Оттаму информираат и за промена на царински давачки во рамки на квота за прв квартал 2016 година
„Заради целосно искористување на пропишаната количинa на квотa предвиденa за првото тромесечие од 2016 година за Европска унија, има промена на царинските давачки во рамки на квота за стоките кои се распределуваат во тарифниот број 2201. За овие стоки почнувајќи од11.01.2016 година царинската стапка во рамки на квота изнесува 12%, наместо досегашната стапка 0%.“- додаваат од Царинската управа.