Американскиот бизнис-магазин „Форбс“ објави листа на најдобри земји за бизнис (The Best Countries for Business). Македонија се најде на 39. место, пред Србија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора и БИХ. Словенија е на 20. место, САД се на 22. позиција, Австрија е на 28. место, Унгарија на 42. место, под редните броеви 44, 45 и 46 се Романија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора е на 49. позиција, Грција го има 50. место, Албанија е под реден број 69, БИХ е на 78. место, а соседна Србија е дури на 83. место.
На листата на „Форбс“ за најдобри земји за бизнис се вклучени 144 земји, подредени врз основа на 11 критериуми, меѓу кои се: право на имот, иновации, данок, технологија, корупција, слобода (лична, финансиска, пазарна), заштита и безбедност на инвеститорите.
Првите десет земји на оваа листа се Данска, Нов Зеланд, Норвешка, Ирска.
Извор: meta.mk