Вчера во 18.10 часот во Охрид, во Трговскиот Центар Амам, лоциран на ул. „Македонски Просветители“ поточно во менувачница „Васко М“, две непознати лица влегле внатре и едно од нив со рака ја удрил сопственичката Н.М., по што откако истата викнала, дошол нејзиниот сопруг, а лицата побегнале не одземајќи ништо од менувачницата.
СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите.