Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково.
Поради врнежи од снег со променлив интензитет на планинскиот премин Ѓавато задолжителна е употреба на зимска опрема за тешки товарни возила.
Забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и крак Маврово – Дебар, кои беа воведени поради интензивни врнежи од снег, се укинати.