МВР вчера издало потврди на 1601 мигранти

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 16.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 1.601 странски државјани, од кои 696 се од машки пол, 350 се од женски, 552 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и три деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-865, Авганистан–381 и Ирак-355.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 16.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 30.900 странски државјани, од кои 13.024 се од машки пол, 6.652 се од женски, 11.124 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 100 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-14.852, Авганистан-10.199 и Ирак-5.846.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 16.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 16.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.