Павел Шекуткоски го фати светиот крст во Вевчани

Павел Шекуткоски од Вевчани го фати светиот крст што денеска беше положен во Вевчанските извори.

Дваесетгодишниот Шекутоски беше најсреќен меѓу 15-тината вевчанци, што скокаа по светиот крст во студените изворски води во Вевчани.

Очекувам здравје, среќа и многу љубов. Пред една недела сонував дека ќе го фатам крстот, изјави Шекуткоски.

Ова е втор пат што го фаќа крстот, а прв пат го фатил во 2013 година.

Извор: Нет Прес