ЈП „Охридски Комуналец“ активно вклучен во организацијата за Водици

ЈП „Охридски Комуналец”, изминативе денови активно беше вклучен во организацијата на манифестација по повод верскиот празник „Богојавление“.

„Беа преземени сите потребни активности за одржување на хигиената на највисоко ниво на просторот околу градското пристаниште, месноста Сараиште, градскиот плоштад, кејот и парковските површини.“– велат од претпријатието.

Се изврши украсување на чаршијата и пристапните патишта кои водат до пристаништето со верски знамиња, како и украсување на градското пристаниште со бршлен и зеленика, додаваат оттаму.

По завршувањето на манифестациите по повод празникот Водици и Денот на рибарите, кој оваа година се организираше во месноста Сараиште се изврши темелно метење на јавните површини и се расчистија расфрланите пластични чаши, хартиена амбалажа и други отпадоци.