Македонија играше против Хрватска во натпреварот од втората фаза од Европското првенство во ракомет кое се игра во Полска.
Лош почеток на натпреварот за Македонија. По целосната доминација на Хрватска и резултат 1-5 следуваше тајм-аут за Македонија, но и понатаму не можевме да ја пробиеме противничката одбрана, а на спротивната страна нападот на Хрватска беше немилосрден, кој постигна уште два голови за предност од 1-7, пред колку-толку да се адаптираме на играта и да почнеме да возвраќаме. До крајот од првото полувреме нашите ракометари успеаа да го намалат резултатот на 13-17.
Второто полувреме продолжи да се игра со исто темпо. Хрватска полека, но сигурно ја зголемуваше предноста која достигна и до 10 голови, резултатска разлика која траеше до самиот крај на натпреварот за конечен резултат Македонија 24-34 Хрватска.
Следниот натпревар Македонија го игра во понеделник (25 јануари) против Норвешка со почеток во 18:15 часот.
WebOhrid