Утре во Мешеишта трибина на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца

Во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, утре  (петок) со почеток во 17 часот до Домот на култура во Мешеишта, ќе се одржи трибина на која ќе присуствува тим од министри во Владата на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На трибината, низ непосреден контакт и разговор со жителите на општина Дебрца, владините министри ќе ги слушнат мислењата, идеите и барањата на жителите за развој на општината кои ќе бидат имплементирани во партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ за наредните Парламентарни избори, информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.