Издадени 1.031 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 22.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 1.031 странски државјани, од кои 489 се од машки пол, 198 се од женски и 344 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–441, Сирија-436 и Ирак-154.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 22.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 37.835 странски државјани, од кои 15.979 се од машки пол, 8.115 се од женски и 13.640 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-18.716, Авганистан-12.286 иИрак-6.830.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 22.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се пет барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 21.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.