Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа во СЦ „Јане Сандански“ во неизвесен и израмнет меч го совладаа словенечкиот прволигаш Крка со 69:67. Клучна за победата на МЗТ беша последната четвртина која ја решија во своја полза со 15:8.
За тимот од Аеродром ова беше деветта победа оваа сезона наспроти 12 порази во регионалната балканска АБА лига по што се зацврсти во средината на табелата.
Најефикасни во победничкиот состав беа Ѓорѓе Дреновац со 23 и Марко Луковиќ со 13 поени.