Денес во МВР, на барање на амбасадорот на Република Словенија во РМ, Бранко Раковец, тој се сретна со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Притоа од страна на амбасадорот Раковец уште еднаш беше потврдена спремноста на Република Словенија за обезбедување секаков вид на помош на Република Македонија во справување со приливот на мигранти во обезбедување на персонал или во техничка помош.
Mинистерот Спасовски, пак, од своја страна, ја изрази подготвеноста на македонската полиција за продлабочување на соработката со земјите членки на Европската унија од аспект на добивање на секаков вид на дополнителна финансиска, кадровска и техничка помош, имајќи предвид дека ресурсите со кои располага Република Македонија се ограничени наспроти енормниот прилив на мигранти. Ова особено ако се има предвид, според предвидувањата, дека се очекува натамошно зголемување на бројот на бегалци.
На средбата министерот Спасовски го информираше амбасадорот Раковец и за тековните активности на Министерството и справувањето со предизвиците со кои се соочува.