Потпишан Договор за Соработка помеѓу ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и училиштето „Мерсинли“ од Измир

Во рамки на проектот  за  меѓународна соработка и унапредување на односите меѓу учениците, професорите  и родителите, во неколку дневна работна посета на Измир Р. Турција е директорот на ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, Јане Цаноски.

Директорот Цаноски оствари работна средба со директорот на техничкото и индустриско средно училиште „Мерсинли“, Енвер Туркоглу при што беше потпишан договор за меѓусебна соработка. Согласно потпишаното во наредниот период двете училишта се обврзаа да работат на зацврстување на меѓусебниот мир и братство  како и  промоција на културните вредности и модернизација на наставно образовниот процес.

Dogovor_OEMUC_4853 Dogovor_OEMUC_4851 Dogovor_OEMUC_4852