Запленети гасни пиштоли, ловечка муниција, цигари, облека, накит и техничка стока

Минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани гасни пиптоли и ловечка муниција, цигари, облека, тахничка стока и изолационен материјал.

Гасни пиштолии ловечка муниција

– 2 гасни пиштоли марка ES EKOL Jackal Dual Compact и 6 чаури за гасен пиштол марка Pobjeda 9 mm, откриени при контрола на швајцарски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Пиштолите и чаурите се пронајдени во кеса сместена во просторот за резервна гума на возилото и истите се привремено задржани. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 295 патрони ловечка муниција, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Три реденици со 91 патрон се пронајдени во ранец сместен на задното седиште на возилото, а 204 патрони се пронајдени во џебови од елек закачен на возачкото седиште и во две рачни торбички сместени зад возачкото седиште, покриени со јакна. Непријавената муниција за која е потребно одобрение за пренесување на оружје и муниција, издадено од МВР, е привремено задржана. Против прекршителот е поведена соодветна постапка.

Цигари

– 71 штека цигари со македонски акцизни маркички, откриени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики при контрола на чекираниот багаж на двајца македонски државјани, кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон.

Во првиот случај привремено се задржани 40 штеки цигари Marlboro Gold, а во вториот случај 31 штеки цигари Marlboro Gold и Winston blue. Во двата случаи, против сторителите се поведени прекршочни постапки.

Облека и накит

-526 парчиња облека (хеланки и капи), откриени во два одвоени случаи од мобилните царински тимови.
Во првиот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Велес-Штип, пронајдени се 440 пара детски хеланки во повеќе најлонски кеси, сместени во багажниот простор. Возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки за стоката.

Во вториот случај, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир, пронајдени се 86 машки и женски капи во три најлонски кеси сместени пред совозачкото седиште и зад предните седишта на автомобилот.

Во двата случаи, производите се привремено задржани, а против прекршителите се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

– 233 женски капи и шалови и 310 парчиња обетки-бижутерија, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи се пронајдени во повеќе најлонски кеси, сместени зад предните седишта и во багажникот на возилото, и истите се привремено задржани. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Техничка стокаи изолационен материјал

– 1 професионална ТВ камера SONY DXC-M3P, откриена при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Возачот пријавил дека со себе носи само стока што е заведена во АТА карнетот што го приложил на увид, но при извршената контрола, помеѓу седиштата бил пронајден куфер со ТВ камера која не била заведена во карнетот. Камерата е привремено задржана, а против возачот е поведена соодветна постапка.

– 13,5 м2 изолациони панели, откриени при контрола на камион со албански регистраски таблички, натоварен со изолациони панели, пријавен за транзит низ државата на граничниот премин Меџитлија. Според приложените документи, возилото пренесувало 24 палети со изолациони панели, но при извршената контрола биле откриени 2 палети што не биле опфатени со царинските документи. Непријавените панели се привремено задржани, а против возачот – албански државјанин, е поведена соодветна постапка.