Македонија 31-31 Норвешка

Македонија и Норвешка одиграа мошне интересен натпревар во рамките од Европското првенство кое се игра во Полска.

Натпреварот започна со погодок за Норвешка, но изедначивме и цело време бевме во предност се до средината на првото полувреме, кога Норвешка дојде повторно во водство, но само за кратко. Македонија повторно се врати во водство кое достигна и до +4 голови разлика и резултат од 17-13 на полувреме.

Второто полувреме започна со два погодоци за Норвешка и намалување на предноста, но само за момент. Македонија повторно се врати на +4, а за брзо зголеми и на +5 со резултат 21-16, разлика која ја одржувавме се до 27-22. На 8 минути до крајот на натпреварот Норвешка успеа да изедначи на 28-28. Во финишот од натпреварот следуваше цврста битка и водство на Норвешка од 30-31, а Македонија успеа да изедначи на 31-31. Последната минута започна со напад на Норвешка, но поради пробивање не ја доврши акцијата, а Македонија имаше можност да победи во последните секунди од натпреварот. Но, нашите ракометари не успеаа да постигнат гол, со што резултатот остана 31:31. 

Следниот натпревар Македонија ќе го игра против Белорусија во среда (27 јануари) со почеток во 16:00 часот.

WebOhrid