По повод ослободувањето на градот Врање, најмладите стрелци од СК „Охрид“ настапија на традиционалниот турнир во стрелаштво, што се одржа викендов на стрелиштето во касарната во Врање.
Најуспешен настап имаше Мартина Петровска, која со нов личен рекорд и резултат од 383 (цели) кругови се пласира на втората позиција, додека пак како третопласиран заврши Кирил Миленкоски, кој настапи после пауза од 3 и пол години. На петата позиција кај јуниорките се пласира Стефани Ефтимовска, која го подобри својот личен рекорд за два круга.
На турнирот учестуваа и Кочовска Мартина, Луана Поповски и Марија Магдалена Шишкоска.