Програма за работа на ОСБСП Охрид за 2016 за подигнување на безбедноста во сообраќајот

Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид за 2016 година предвидува реализација на повеќе значајни проекти и активности насочени кон сите целни групи-учесници во сообраќајот со цел подигнување на јавната свест за унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид и едукација на сите целни групи.

Во Годишната програма се предвидени активности за афирмација и имплементација на Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот до 2020 година, а посебен приоритет ќе биде изработка на Локална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во Охрид, со тоа општина Охрид би била првата општина во Република Македонија што би усвоила ваков документ.

Во Годишната програма се предвидени низа проекти и кампањи за подигнување на безбедноста во сообраќајот и соработка со сите релевантни институции во општината, невладините организации, здруженијата, медиумите и други субјекти.