МВР вчера издало потврди на 1.837 мигранти

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 28.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 1.837 странски државјани, од кои 754 се од машки пол, 392 се од женски и 691 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–741, Сирија-690 и Ирак-406 .

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 28.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 50.211 странски државјани, од кои 20.880 се од машки пол, 10.801 се од женски и 18.428 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-24.950, Авганистан-15.872 и Ирак-9.386.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 28.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил..

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 28.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 28.01.2016 година евидентирани се вкупно 34 баратели на азил од кои 28 мажи, две жени, две деца со придружба на старател и две деца без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.