Откриени неправилности поврзани со трговија со акцизна стока

На 27ми и 28ми јануари повеќе тимови на царинарница Битола извршија контрола на продажбата на акцизна стока во 41 трговско друштво на територијата на општините Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Дебар.

Неправилности се откриени во седум угостителски и два малопродажни објекти при што се одземени:

– 158,4 литри домашна ракија,

– 2,3 литри странска ракија

– 3,2 литри узо

– 0,7 литри коњак

– 71 кутии цигари од (Лорд и Аура).

Утврдено е дека алкохолните пијалаци и цигарите не биле означени со контролни марки – бандероли и иако се нуделе за продажба, не поседувале сертификат за здравствена исправност што ги прави потенцијално опасни за здравјето на луѓето.

Против прекршителите Царинската управа презема соодветни постапки.