Груевски: Ќе се вработат 8.700 невработени преку програмата за вработување

За ВМРО-ДПМНЕ еден од клучните столбови е зголемувањето на вработеноста и намалување на невработеноста, поради што Македонија има рекордна стапка на невработеност од 25,5 проценти. Работата на ова поле продолжува и годинава.

Ова денес го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Дневникот на Сител, откако денес присуствуваше на работен состанок на кој се разгледуваше имплементацијата на мерките за вработување.

„Многу ми е важно ми е тоа што го имаме ветено пред граѓаните да се реализира и затоа денес дискутираме околу акцискиот план, роковите и начините како ќе го спроведеме планот за да сме сигурни дека сето тоа навремено и успешно ќе се реализира. Работите се одлично поставени. Оваа година се очекува преку мерките за вработување на АВРМ да бидат опфатени 13.500 лица, а најмалку 8.700 да се вработени. Има 28 мерки кои се предвидени за оваа година, ова е период кога почнуваат да се објавуваат огласите, кога невработените конкурираат за добивање на поволностите за користење на овие мерки кога невработените може да ги искористат мерките“ нагласи Груевски.

Тој апелираше до сите невработени кои активно бараат работа, да се осврнат на АВРМ, да отидат во подрчаните единици и да побараат информации околку овие активни мерки кои ги нуди Владата преку АВРМ.

Груевски додаде и дека сугерирал подрачните единици на АВРМ што повеќе да ги викат лицата на разговор и детално да им ги објаснат мерките, бидејќи, како што посочи потребно е некогаш да им се каже патот до остварување на нивната цел.