Стружанец пронашол оружје во атарот на селото Ливада

Вчера околу 15.00 часот во полициската станица, Струга А.Џ. (43) од с. Ново село, струшко, пријавил дека на место кај ниви во атар на с.Ливада, струшко пронашол една рамка за автоматска пушка-оштетена, 14 куршуми калибар 7.62мм непознато производство, четири оштетени чаури и три зрна од проектил.

Истите од страна на ОКТ-Струга се подигнати за понатамошна постапка.