Победници на изборот за Нај ООР наставници за 2015 година

На изборот за Нај ООР наставник за 2015 година, кој траеше до 31 јануари 2016 година, во кој учествуваа 9 наставници, а својот глас го дадоа 589 гласачи, за Нај ООР наставници беа избрани:

– Роза Китрозоска, ООУ „Единство“ Октиси, Струга – изгласана од членовите на Алијансата за ООР

-Тања Метикош, ООУ „Дане Крапчев“ Скопје – избрана од стручна жири комисија.

Наградата за победниците на изборот е учество на втората Едуконференција за наставници и информатичари 2016 која ќе се одржи во периодот 1 – 3 април, 2016 година во Хотел Дрим, Струга.

Што се отворени образовни ресурси?

Концептот за Отворени образовни ресурси (ООР) ги опфаќа сите образовни ресурси, вклучувајќи ги и наставните програми, материјали од курсеви, учебници, онлајн-видеа, мултимедијални програми, поткасти, како и секаков друг материјал кој е дизајниран за употребување во настава и при учење, кои се бесплатно достапни за употреба од страна на наставници и ученици, без потребата од плаќање надомест за авторски права или такси за лиценца.

12096022_1247962631896310_319357366418467526_n_crРоза Китрозоска, професорка по македонски јазик од Велгошти, вработена како наставник по македонски јазик во ООУ „Единство“, Октиси, Струга активно го применува концептот за отворени образовни ресурси.

Од 2011 година работи на својата училишна веб -страница и блог со име Роземак. Секојдневно споделува содржини по предметот македонски јазик како и активности реализирани со учениците на и вон часовите.
Таа искажа благодарност за големата поддршка и вети уште многу нови содржини на Роземак.

Посетете го Роземак

rozemak.ucoz.com