Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 03.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.496 странски државјани, од кои 992 од машки и 460 од женски пол, како и на 1.033 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште на 11 деца кои патуваат без придружба, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија-1.152, потоа на 867 државјани на Авганистан и на 477 на државјаните на Ирак.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 03.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 57.973 странски државјани, од кои 23.931 се од машки пол, 12.427 се од женски и 21.502 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 113 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-28.581, Авганистан-18.314 и Ирак-11.075.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 03.02.2016 година, до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање на право на азил од двајца државјани на Авганистан и едно од Сирија врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 03.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 03.02.2016 година евидентирани се вкупно 17 баратели на азил од кои 14 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, една жена , три малолетни деца со придружба на старател,четири малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.