Царовска: Социјалните работници се базата на социјалната заштита

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска по повод Денот на социјалните работници упати честитка до социјалните работници во Република Македонија.

„Социјалните работници имаат целосна поддршка од Министерството за труд и социјална политика и од мене како министер и во оваа прилика би сaкала да потенцирам дека социјалниот работник е базата на социјалната заштита. Од моменталната позиција како министерка за труд и социјална политика се обврзувам дека ќе креираме социјален работник што ќе интервенира на терен, а не само да ги детектира социјалните случаи. Ќе креираме Семеен социјален работник кој нема само да ги препраќа социјалните случаи туку ќе има и право самиот да интервенира во системот семејство. Ќе работиме на плурализација на системот на социјална заштита, односно да можат и другите социјални партнери да се стават во функција да даваат социјални услуги, како што се бизнис секторот, но и здруженијата на граѓани од кои некои во моментов даваат дури и поквалитетни услуги од дел од самите институции”, подвлече министерката Царовска во честитката.